Одлучивте да поставите туш кабина во своето купатило? Честитаме на одлуката, бидејки брзиот ритам на живот сите нас не води до тоа да немаме време за предолго капење, ниту за посебна хигиена на купатилото (бањата). Најбрз и најлесен начин да се освежите и да го одржувате своето тело внимателно е туширањето и тоа минимум два пати дневно.
Утринското туширање, проверено, го буди Вашиот организам многу побргу отколку филџан кафе. Доколку досега не сте пробале да се туширате најизменично со топла и ладна вода, ве советуваме полека да се навикнувате и на овој начин на ревитализаци. Најдобро решение би било кога во секоја бања има две опции:
- простор за туширање набрзина и
- класична или хидромасажна када, за моменти на уживање
Приметивме дека во последно време има голема заинтересираност токму за туш кабините, и за сето тоа што е потребно да се превземе за да се осигурате од излевање на водата, и настанување голема штета. Во случај да монтирате туш кабина (со туш када или без),или евентуално параван, многу е важно пред поставувањето на овие купатилски елементи да направите добра припрема на бањата (купатилото). Под тоа се подразбира на прописно поставена хидроизолација и систем за одвод на водата.
Доколку сте во таканаречена сива фаза на градба, тогаш вистински момент е да се информирате за современите начини за изведување на хидроизолација. Порано за оваа работа се користеле различни врсти на материјал, но денес има понуда на нови-готови еднокомпонентни цементни каши за брза и лесна примена. Нивните својства не се менуваат на различни температури, и различен процент на влажност, за разлика од хидроизолационите материјали на база на битумен.
Посебен акцент ставаме на предностите на овие цементни каши, во поглед на заштита од: јаглероден диоксид, хлориди, сулфати и кисели каши и сите штетни влијанија од продор на вода. Поради горенаведеното тие можат да се користат и за многу други површини (тераси, подруми и останато).
Во доброопремените салони за керамика и стоваришта за градежен материјал и понатаму можете да најдете растворливи прашкасти материјали, но нив ги препорачуваме на искусни мајстори, затоа што откако ке се измешаат е потребно брзо да се нанесат на подовите и зидовите, а и самата густина мора да биде по пропис. Готовите смеси и каши можат да ги користат и оние кои оваа работа ја работат во сопствена режија. Премазот се нанесува на потполно чиста површина, без присуство на ситни честички, прашина и каменчиња, после малтарисувањето и поставување на кошулица со голема четка и тоа со два премаза и дебелина не помала од 1мм. Меѓутоа претходно треба да се побара совет од производителот за тоа колку време е потребно да помине од овие градежни работи до хидроизолацијата. Некои производители препорачуваат пред да се нанесат овие готови смеси површината да се премачка со нивна специјална подлога, со тоа и ние се согласуваме. После првото нанесување на цементната каша треба да почекате 2 до 4 часа и после тоа вториот слој да го премачкате, попреку во однос на првиот слој (меѓутоа периодот помеѓу два премаза зависи од производителот).
Хидроизолационата смеса внимателно нанесете ја на споевите на зидот со подот, а за да бидете сигурни дека споевите нема да прпуштаат вода поставете аголни хидроизолациони траки-ТРЕВИР, исто така и на спојките на цевките и околу вентилот.
Премазот се нанесува и на зидовите во висина од 10-15 см во однос на подот. Површината на зидовите кои ја затвараат туш кабината се премачкува до најмалку 140 см висина, но нема да погрешите доколку ја премачкате целата висина на која ќе ги поставите плочките. На овој начин во своето купатило, практично сте направиле големо изолирано корито кое не би требало да пропушта ни капка вода во било кој правец на купатилото.
Потребно е претходно сите споеви на водоводните цевки добро да се изолираат и тоа со специјална изолациона трака , за да избегнете евентуално капење баш на тие места. Сливникот и неговите споеви исто така е неопходно посебно да се изолираат бидејки тој трпи најголемо оптоварување со голема количина вода во млаз.
Потребно е претходно да се одлучите за врстата на сливникот кој ке го поставите на подот во туш кабината. Добро е да се знае кои се врсти на сливници се нудат на пазарот, а ние изделуваме:
- подни со вертикален одвод
- подни со хоризонтален одвод
- аголни (зидни)
Во склад со изборот планирајте и начин на изолација. Сливниците (решетките) ги бирате по начинот на поставување, дизајнот и цената која Ви одговара.
Кога се добро сте изолирале потребно е да почекате барем 24 часа додека не почнете со лепењето на плочките, но пред тоа можете да извршите претходен тест. Истуширајте ги сите површини со вода и доколку постои и најмала пукнатина низ која протекува вода – а тоа сигурно ке го приметите и лесно ке го санирате со повторен премаз.
Советуваме за лепење на плочките да користите посебни врсти водоотпорни лепила, како и маси за фугирање. Масите за фугирање во себе можат да содржат и додаток против стварање габи и мувла во купатилото.
Подоцна купатилото немојте да го одржувате со агресивни хемиски средства, туку со оние средства кои се прилагодени и препорачани за чистење на плочки и санитарија, како и на стаклената површина на туш кабината. Распрашајте се за некои природни средства, со чија што употреба не само што ке ги зачувате елементите во купатилото, туку и не се штетни за вашата кожа, а исто така се и со пријатен мириз.
Сето ова Ви изгледа дека ке имате многу припрема и работа, ке делува стресно, си помислувате дека нешто несте направиле по пропис, меѓутоа кога неколку пати ќе уживате во својата туш кабина,сигурно ќе го заборавите целиот процес. Од друга страна користењето на туш кабината ќе Ви претставува уште поголемо задоволство, бидејки знаете дека сте направиле добра работа, без страв дека водата ќе пронајде некој свој пат и ќе направи штета.