Веруваме дека повекето од Вас често имаат желба да осетат потполна релаксација и да ја обноват енергијата. Најдобар впечаток и осет дека сме под некој егзотичен водопад додека се тушираме или во луксузен спа центар, можеме да доживееме и во сопственото купатило, бидејки тоа можеме сигурно да си го дозволиме. За едно овакво спа доживување покрај адекватна туш кабина или хидромасажна када потребно е и да целиот простор биде чист и уреден.
Пробајте да организирате купки, гелови за туширање и шампони во украсни, плетени корпички, и да речеме ги ставите на купатилскиот ормар, кај прозорот или слично место, а покрај нив ке ги ставите пешкирите за раце и лице смотани во мали ролнички. Покрај овакви корпи одговараат на пример стаклени теглички кои ке ги наполните со тупфери, сол за капење и слично. Кога е сол за капење во прашање пробајте и сами да го направите. На интернет можат да се најдат проверени и едноставни рецепти за најприродни купки, соли и препарати.
Мирисните свеќи и етерни масла, се скоро неизоставни за потполно уживање и релаксација. Пробајте во моментите на уживање да оставите купатилото да го осветлува само свеќа, а останатите извори исклучете ги. Збогатите ја својата купка со ливчиња од ружи, доколку имате можност препуштете се на некоја тивка музика. По излегувањето од кадата нагрнете мек баде мантил и поминете уште некое време во мирисното купатило, кое по можност треба да го краси некоја природна билка и големо огледало – кое не само што на најубав начин ќе ја растура светлината по купатилото, туку ќе даде осет на пространство.
Кога се туширате под тушот не значи дека ќе бидете ускратени од нешто – ако не можете да имате богата купка, но просторот ке биде исполнет со мирис, а тушот прилагодете го и менувајте го млазот на вода за да се релаксирате потполно.
Дополнителен впечаток ќе Ви остави целокупниот амбиент, доколку на таков начин го осмислите во моментот на проектирање – прав избор на елементи, почнувајки од купатилските плочки и санитарија. Наш совет е да внатрешноста на туш кабините (зидовите), или делот одделен со параван да биде поплочен со плочки со таков дизајн кој ке асоцира на природа со сета своја убавина. За овакво нешто можете да пронајдете плочки со дизајн на камења, бамбус, дрво или можеби мозаик – изборот е Ваш. Исто така е интересно за подот на купатилото да одберете плочки со дизајн на дрво или камен. Нема да заборавите дека внимателно одбраниот декор во потполност го поправа впечатокот, а тоа на пример може да биде: украсни натписи, егзотични или фотографии со нежни бои во рустични рамки и слично. За добра организација и ред во купатилото неопходно е да имате некој дел од купатилски намештај каде ќе ставите многу ситници, а на него ќе ставите плетени корпичќи со сето тоа што го користиме секојдневно, а воедно е и убаво декорирано.
Доколку сте спремни да се препуштите на уживање во Вашиот СПА, нема да заборавите да го заклучите купатилото, или едноставно да ги испратите домашните и дечињата во кино, театар или слаткарница, и така на сите ке им биде убаво.
Скицирајте ги сите елементи за опремање на Вашето купатило пред да го планирате купувањето, премерете ги сите димензии и направете свој мини проект, да во одбраните моменти Ви послужи како место во кое сигурно ке се опуштите и освежите.