Поради потребата од проширување на продажната мрежа и асортиман “Керамика Јовановиќ” од Зрењанин ја согледа можноста, да дел од асортиманот кој се однесува на кади и кабини го обезбеди од сопствено производство. Така во Февруари 2014-та година, во извршна постапка купена е опремата на извршниот должник “LUXOR AQUAMATIK”. Матичната компанија од Зрењанин веднаш после купувањето на опремата ја основа својата ќерка компанија во Скопје “Керамика Јовановиќ” ДООЕЛ, а таа уште во Април истата година основа ново мешовито претпријатие “LUXOR LINE” во Скопје, кое започна производство на кади и кабини.
После доста проблеми во функционирањето на мешовитото претпријатие, од почетокот на 2016-та година “Керамика Јовановиќ” ДООЕЛ Скопје, го превзема производството на кади и кабини, работејки првенствено за потребите на матичното претпријатие и пазарот во Србија.
После низа организациони и кадровски промени, од почетокот на 2017-та година “Керамика Јовановиќ” ДООЕЛ Скопје своите ресурси ги пренасочи на производство на кабини и услужно калење на стакло. Користејки ги своите пазарни предиспозиции, современата линија за калење стакло, знаењето и посветеноста на кадарот, во почетокот на истата година дојде до стабилизација на работењето.
Направена е значајна докапитализација од страна на матичната компанија од Зрењанин, обновена е виталната опрема, извршени се исто така и значајни промени во планирањето, организацијата, стручниот кадар и контролата на квалитетот.
Сето тоа влијаеше да се стабилизираат сите работни функции (операции), а производството да го достигне посакуваниот обем, асортиман и квалитет. Тоа овозможи, да продажбата освен на пазарот во Србија, се развива и во Македонија и во земјите од регионот.
Денес капацитетот на “Керамика Јовановиќ” ДООЕЛ Скопје се должи на капацитетот и позицијата на матичното претпријатие “Керамика Јовановиќ” од Зрењанин, но исто така и на сопственото знаење и посветеност на вработените, стандардизација и висок квалитет на производите, работоспособност и подготвеност да се испочитуваат барањата на клиентите.