Нашите модели на туш кабини со клизачки врати се одликуваат со висококвалитетни делови кои влегуваат во состав на кабините. Со посебно внимание и слух за барањата и потребите на корисниците направивме идеален спој на квалитет и цена.
Развојната и производна еќипа на нашата фирма во последните неколку години посвети посебно внимание за да нашите туш кабини ги наметне на многу прибирливите клиенти, бидејки на пазарот има голем избор на туш кабини.
Нашите кабини ги задоволуваат сите Ваши барања – димензии, изглед и едноставно одржување. Тие се конструирани за да можат лесно да се монтираат на ќошињата од купатилото на разни димензии туш кадички но и директно на самите ќерамички подови. Димензиите на нашите туш кабини се: Р80 цм, Р90 цм, Р80х120цм во основни варијанти и модели, додека висината е 180 цм. Дводелната врата е полукружна со радиус Р500. Кабината во својот состав има две фиксни стакла и две врати кои клизачки се затвараат на ќошето.
Во составот на нашите туш кабини влегуваат квалитетни профили од нерициклиран и чист алуминиум, тркалцата кои ја носат вратата се проверени и во својот состав имаат квалитетни топчести лежишта, рачките се месингано прохромски и многу стабилни, стаклените делови се изработени и искалени во нашата сопствена калилница за стакло по пропишани процедури, останатите гумено силиконски брисачи и магнети се со проверен квалитет. Стаклото кое се вградува е со дебелина од 6мм, основна варијанта на стаклото е прозирна.
По стручната и квалитетна монтажа на нашите кабини во Вашето купатило можеме само да констатираме дека ќе се чуствувате безбедно и безгрижно а со тоа ќе Ви се зголеми задоволството на секое туширање.
Добро е да се знае дека пред самиот избор и купување на туш кабина потребо е да направите сериозна припрема за да купениот модел со својата димензија и облик се вклопи во Вашето купатило.
Наша препорака е туш кабината во Вашето купатило да ја вгради професионална еќипа на монтери за да функционира и биде употреблива долги години на Ваше и наше задоволство. За монтажа на наједноставна туш кабина е потребно 2-3 часа, а употреба на монтираната туш кабина е можна после 24 часа за да добро би се исушиле сите заптивни компоненти кои се составен дел на монтажата, но не се составен дел на туш кабината (санитарен силикон – се купува посебно). Исто така е потребно задолжително дихтување на сите споеви на кабината, како и на споевите на кабината и зидовите.
Исто така Ви препорачуваме одржувањето на нашите туш кабини да биде редовно после секоја употреба, и задолжително да користите неабразивно средства – значи избегавајте употреба на силни средства кои содржат солна и други силни ќиселини. Не купувајте спрејови за одржување кои содржат тешки хемикалии, кога можете едноставно сами да си ги направите. Помешајте една шоља вода, ½ шоља оцет, сосема малку детергент за садови или сода бикарбона и неколку капки етерично масло по желба. Повремено помеѓу чистењата едноставно испрскајте ја вратата на туш кабината а потоа избришете ја со сува крпа и сигурно ќе си го олесните одржувањето.